INTERDISCLIPLINARY INTERVENTIONAL LIVE COURSE, University Clinic of Cardiology, Skopje
Драги посетители на вебдоктор,
Ве информираме дека на 23-24 ноември 2018 година, во просториите на ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија во Скопје, ќе се одржи Интердисциплинарен “LIVE COURSE” од областа на интервентната кардиологија, со меѓународно учество.
Активностите почнуваат во 08:30 часот со свечено отворање, на кое ќе се обратат Министерот за здравство Др Венко Филипче, и Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија Др Жан Зимбаков.
За сите заинтересирани, дводневната програма е во прилог.