ПРИНЦИПИ НА РАБОТА НА МЕДИЦИНСКА ВЕБ СТРАНА

Овие принципи се превземени од Health-on-the-Net Foundation’s code, што претставува најстар и најупотребуван етички и доверлив код за интернет достапни информации од областа на медицината и здравјето. HONcode е дизајниран за две таргет популации: посетителите на веб-сајтот  и веб публикувачот, активно вклучувајќи го сопственикот на веб-сајтот во процесот на акредитација.

HON кодот е создаден од HON Фондацијата која е невладина организација со интернационална препознатливост поради пионерската работа во областа на етиката на здравствените информации. Креирана е 1995 година како непрофитабилна невладина организација, акредитирана во Економскиот и Социјален Совет на Обединетите Нации.

Во моментов  постојат 380 WebDoctor веб-сајтови, и тоа претставува индекс на интернет медицински извори, кои за лекарите претставуваат уп-то-дате виртуелна библиотека, која ги снабдува со професионална медицинска информација. Секој од овие линкови е дизајниран од лекарите, наменет за лекарите.

Дали нашиот веб-сајт ќе успее да го најде своето место на оваа листа, ќе зависи од сите нас-уредниците, авторите и посетителите на веб-сајтот.

HON код  принципи на работа:

Принцип 1-Авторот на информации ќе биде наведен 

Авторот на сите медицински информации презентирани на нашиот веб-сајт ќе биде споменат, заедно со неговото/нејзиното образование. Ова може да се направи на секоја од страниците од веб-сајтот кои поседуваат медицински информации или на посебна страница која ќе презентира информации за консултативниот одбор или уредничкиот одбор на сајтот [“Advisory Board ” или ” Editorial Board”]. Професионалните квалификации на личноста која ги доставува/презентира информациите (автор, веб-мастер и/или уредник) ќе бидат уредно наведени, како и категоријата на која припаѓа, а тоа ќе биде една од следниве категории: интернет специјалист, медицинско лице или друго лице од областа на здравството.

Сите скратеници коишто се однесуваат на професионални титули и именувања (како д-р, м-р, итн.) ќе бидат објаснети на страницата со информации за луѓето ангажирани во подготвувањето на веб-сајтот (насловена “За Нас”).

Принцип 2-Цел на веб-сајтот

Информациите презентирани на веб-сајтот треба да ја подобрат информираноста на медицинските лица, и да ја подобрат достапноста до медицинската информација.Целна публика на веб сајтот е целата медицинска јавност во Македонија.

Принцип 3-Доверливост

Овој принцип се однесува на сите веб-сајтови, дури и ако не содржи информации за пациенти или не складира други медицински и лични податоци. Веб сајтот ќе ја чува доверливоста на информациите (како електронски/е-мејл адреси и содржина на електронски пораки примени од или испратени до посетители на веб-сајтот. Податоците ќе бидат складирани во нашата база на податоци, до која ќе имаат пристап логираните корисници.

Принцип 4-Презентирање и документирање на информации:

Во научните кругови и во секторот на јавно здравство, знаењето и информациите еволуираат брзо. Затоа е неопходно да бидат информирани посетителите за датумот на публикација и ревизија и јасно да бидат наведени научните или официјални извори на сите здравствени информации цитирани во статиите на веб-сајтот. Што се однесува до клинички податоци и медицинска содржина, датумот на публикација и датумот на последната извршена ревизија на податоците  ќе бидат наведени. Ќе биде наведен изворот на информацијата, користената литературе, ќе биде вклучена библиографија, по можност и директни линкови.

Датумот на последната ревизија на целиот веб-сајт или датумот на правата на сопственост Шцопѕригхт датеЌ не се доволни во обидот да се придржуваме кон овој принцип. Притоа, датумот на “последна ревизија” на веб-сајтот нема да биде автоматски наместен да ја покажува денешната дата.

Принцип 5: Оправданост на тврдења:

Сите информации за корисноста и дејствувањето на одреден третман, производ или услуга, ќе бидат презентирани во согласност со горенаведениот принцип 4. Уредникот ќе ги оправда сите тврдења кои се однесуваат на ефикасноста или неефикасноста на одреден комерцијален производ или третман. Исто така, уредникот се обврзува да презентира избалансирани информации.
-Тврдења коишто се однесуваат на ефективноста или неефективноста на одреден комерцијален производ и/или третман, ќе бидат поткрепени со научни докази (медицински изданија, публикации, статии, извештаи и сл.), а ќе нуди избалансирани информации коишто се однесуваат на алтернативни терапии и генерички производи.

Принцип 6-Контакт информации

Информациите на веб-сајтот ќе бидат јасно презентирани. боџ-от контактирајте не, ќе биде начин да се воспостави контакт со уредникот, а исто така и функционална електронска адреса, достапни од почетната воведна страница, како и од секоја друга страница на веб-сајтот.
Прашањата од посетителите на веб-сајтот ќе бидат одговорени брзо и поединечно.

Принцип 7-Обелоденување на финансиската конструкција на веб-сајтот

Веб-сајтот ќе се финансира од рекламирање. Доколку во меѓувреме се овозможат други форми на финансирање истите ќе бидат наведени.

Принцип 8-Рекламирање и уредувачка политика

Без разлика дали рекламирањето претставува извор на финансиски средства, политиката на веб-сајтот во однос на истото е јасна. Сите реклами (во вид на банери ШбаннерсЌ и/или лога), како и други промотивни и комерцијални информации, вклучувајќи ги и оние во форма на статии, ќе бидат јасно означени и идентификувани како рекламен/комерцијален материјал и одделени од останатите информации кои фигурираат на веб-сајтот.

Начинот на означување на рекламен и промотивен материјал, сите реклами (вклучувајќи и поп-уп прозорци и банери) ќе бидат означени со зборот “Реклами”, јасно идентификувајќи го спонзорот на истите.

За банерите кои потекнуваат од бесплатен интернет хостинг сервис или се резултат на тн. “размена на банери”, веб-мастерот истото ќе го наведе на веб-сајтот и ќе ги информира посетителите дека овие реклами не се поддржани од уредникот на веб-сајтот.

Политиката на веб-сајтот во однос на реклами и друг промотивен материал ќе биде наведена. Видовите на реклами коишто не се прифатени/поддржани од страна на нашиот веб-сајт поради конфликт на интереси ќе бидат појаснети. Веб-сајтот ќе ги разликува едиторијалите [editorials] од статиите со рекламна содржина.

Контакт mail: webdoctor@webdoctor.com.mk