Технички правила за пишување на текстови
При поднесување на текстови за објава на веб страната, мора да бидат исполнети неколку зададени правила.
Да се наведе:
Област: медицинска област на која се однесува текстот
Пример: Кардиологија
Подобласт:
Пример: Артериска Хипертензија
Наслов на текстот:
до максимални 60 карактери
(да не се става име на автор и институција)
Вовед во текстот:
до максимални 400 карактери
(краток вовед во содржината и темата на текстот, во 1-2 реченици, кој стои на главната страна и соодветната подстрана)
Слика
една слика поврзана со текстот. Сликата пратете ја како “attachment“ за да се сочува квалитетот на истата.
(сликата ќе стои на соодветната подстрана, покрај насловот и воведот во темата)
Содржина на текстот:
Текстот да се прати во дефинитивна форма, почитувајќи ги правилата за стил и големина (види долу). Слики, табели, графикони и сл., да се пратат како “attachment“ (за да се сочува квалитетот на истите). Нивното место во текстот да биде јасно означено со букви во црвена боја.
Клучни зборови:
неколку клучни зборови под кои ќе се врши архивирање и пребарување на текстот
Име и Презиме на авторот, соодветна стручна и академска титула
Име на Институција каде работи авторот
Библиографија:
наведување на референци е според Ванкуверскиот систем, со бројка, според редот на јавување на публикација во трудот
Пишување на референца:
Презиме и иницијали од прво и второ име на автор. Точка. Целиот наслoв без кратенки и поправки. Точка. Прифатена интернационална кратенка за часописот, без интерпункција меѓу буквите. Точка. Година; точка запирка; број на волумен: две точки: почетна – завршна страница.
Поглавје од книга:
Презиме и иницијали од прво и второ име на автор. Точка. Поглавје, наслов на поглавјето. Точка. Наслoв на книгата. Точка. Број на изданието. Точка. Место, запирка, Издавач; точка запирка; Година: две точки, Страница од – тире – до страница.
Пишувањето на текстови треба да биде во:
• UNICODE: Times New Roman и Times New Roman со кирилична подршка
• Големината на фонтот се сетира на 12
• Стилот на пишување задолжително треба да е Normal
• Овозможено е користење на Bullets и Bold
Промена во кирилична подршка:
Промената на кириличната подршка се извршува со истовремено притискање на Alt и Shift, при што индикацијата се јавува во самиот Word и во долниот десен агол (односно на самиот Taskbar).
Како да обезбедите кирилична поддршка на вашиот компјутер:
Ако не ви е сетирана кириличната подршка тоа се реализира на следниов начин, се избира Control Panel -> Regional and Language Options, а од отворениот прозорец се избира Languages и копчето Details. Во ново отворениот прозорец се избира Add и соодветно јазикот, FYRO Macedonian, по што изборот се потврдува OK.