За Нас

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА МЕДИЦИНСКИОТ ВЕБ ПОРТАЛ

WWW.WEBDOCTOR.COM.MK

Мотив за организирање на овој-ваков  медицински портал

Во тек на работењето, како во стручната така и во научната и едукативна дејност, се соочуваме со потребата од користење на стручна литература, која постојано треба да го исполнува и барањето на актуелност, односно современост.  Истата најчесто е од странски автори, напишана на еден од светските јазици, најчесто англиски, а е достапна при патувања или по пат на нарачување од големи издавачки куќи, странски стручни-медицински списанија со скапа годишна претплата или интернет web страници, во кои за голем дел од стручните текстови особено оние со понов датум се изискува претплата за целосна достапност кон документот. Времето е често ограничувачки момент. Не секогаш се располага со време да се прочитаат и обработат најновите информации кои некогаш се прилично опсежни.

Конгресите, симпозиумите и стручните собири во Европски или светски рамки се уште еден извор на сознанија за современите достигнувања или резултати од големи иследувања, но повторно достапноста до истите е врзана со финансиско побарување од лекарите.

Достапноста на сите овие форми на материјали и активности им е возможна само на една мала група на здравствени работници, кои по бројноста не се репрезент на големата маса на здравствени работници во Македонија, која ја чинат околу 6000 лекари, исто толку стоматолози и фармацевти, а кога ќе се додаде и бројот на студенти по медицински, стоматолошки и фармацевтски науки се доага до бројка од околу 15 000 здравствени работници во нашата држава.

Што подразбираме под достапност до медицинските информации:

Пружање на селектирани, претходно обработени, преведени на македонски јазик информации за она што е актуелно на полето на медицината, стоматологијата и фармакологијата, со што се скратува времето потребно за нивно акцептирање и истовремено се олеснува истото.

Од овие причини кај една група на лекари веќе долго време созрева идејата зо формирање на медицински веб портал чија главна цел е да се обезбеди достапност до медицински информации.

Истиот го нарековме: WWW.WEBDOCTOR.COM.MK

Цели на медицинскиот веб портал:

-Да се овозможи достапност до информации за медицинските достигнувања во светот;
-Преку постојано опреснување на страната, т.с. абдејтување да се  овозможи постојан пристап до нови актуелни информации;
-Да се запознае медицинската јавност во државава со достигнувањата во медицината на нашиве простори;
-Да се објавуваат оригинални стручни и научни трудови на наши автори;
-Да се овозможи КМЕ (континуирана медицинска едукација), преку тестирања на селектирани содржини кои ќе бидат бодирани од ЛК на македонија а со тоа ќе помогнат на лекарите во процесот на релиценцирање.

Целна група за која истиот е наменет:

Медицинскиот веб портал е наменет за сите  лекари, стоматолози и фармацевти во републикава, како и за студентите по медицина, стоматологија и фармација.

Во својата наредна фаза проектот има за задача да им се обрати на сите гра”ани на република Македонија, правејќи ја медицината достапна за сите.

Web страната е замислена како интерактивна страна на која авторите на текстови ќе бидат и нејзини читатели, и обратно сите читатели се повикуваат на нивно активно учество со свои коментари на тексови, со свои сопствени искуства, како и со свои трудови.

Исто така, за соработка ги повикуваме и сите фармацевтски компании, како и здравствени организации од јавниот и приватниот сектор на соработка на партнерски однос.

Водени од идејата да ја направиме медицинската информација достапна до сите зрдавствени работници, основна цел ни е да се задржиме на медицината базирана на докази, односно за стручноста и научната заснованост на истите ќе биде одговорен Научен одбор формиран од лекари од различни профили.

Се надеваме дека овој медицински веб портал ќе придонесе за континуирана едукација на здравствените работници во Македонија и подигање на нивното стручно и научно ниво.

Уредувачки Одбор 

Проф.Д-р. Дафина Кузмановска

Проф.Д-р. Георги Божиновски

Прим.Д-р. Љупчо Стојковски

Асс.Д-р. Марија Вавлукис

Контакт mail: webdoctor@webdoctor.com.mk