Кардиоваскуларни аспекти за пациентите, здравствените работници и здравствениот систем во тек на COVID-19 пандемија

Драги колеги,

Ви ставаме на располагање документ кој претставува превод на најновите (датум на pre-print 20 март 2020 година) збирни информации кои се однесуваат на COVID-19 инфекцијата и кардиоваскуларните аспекти, за пациентите, здравствените работници и здравствените системи.

Поради актуелноста на проблемот, оваа pre-print верзија е достапна како целосен документ кој се објавува во Journal of the American College of Cardiology, March 2020; DOI: 10.1016/j.jacc.2020.03.031

Driggin E, Madhavan MV, Bikdeli B, Chuich T, Laracy J, Bondi-Zoccai G, Brown TS, Nigoghossian CD, Zidar DA, Haythe J, Brodie D, Beckman JA, Kirtane AJ, Stone GW, Krumholz HM, Parikh SA, Cardiovascular Considerations for Patients, Health Care Workers, and Health Systems During the Coronavirus Disease 2019 (COVID-19) Pandemic, Journal of the American College of Cardiology (2020), doi: https://doi.org/10.1016/j.jacc.2020.03.031.

Целта е да споделиме со вас релевантни информации кои се однесуваат на ризиците кои COVID-19 инфекцијата ги носи по кардиоваскуларното здравје, како и очекуваните исходи од инфекцијата кај пациентите со кардиоваскуларна болест или КВ ризик фактор.

Но, не помалку важно тука ќе најдете релевантни информации кои се однесуваат на начинот на организирање на кардиолошката дејност во услови на оваа пандемија, како и како да го ниминизирате ризикот од инфекција (мерките на лична заштита).

Им благодарам на колегите Др. Филонид Алиу и Др. Халид Сејфули, што заедно со мене ви овозможија оваа информација да ја добиете преведена и полесна за следење.

Кардиоваскуларни аспекти при COVID-19

Одговори

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *