Колку е здраво кафето? Најнови докази

Доказите кои сугерираат дека умерената конзумација на кафе е и безбедна, и корисна кај здрави индивидуи, продолжуваат да се акумулираат. Пиење до 5 кафени шољи дневно, може да игра значајна улога во менталното и психолошко здравје, како и долговечноста. Да го погледнеме последното истражување.

Нови податоци
Две големи студии објавени на 10 Јули, 2017, во Annals of Internal Medicine  укажуваат дека внесувањето на кафе е поврзано со значајно намален ризик за смрт од сите причини. За првпат, истражувачите ја проучувале врската меѓу внесувањето кафе, здравјето, и смртноста ширум светот додека ги контролирале разликите во подготовка. Придобивките биле набљудувани кај разни Европски популации и различни расни и етнички групи. Ова ги поддржува претходните истражувања кои покажале поврзаност меѓу внесувањето кафе и намалувањето на морталитетот.

Кафе, Кофеин и Кардиоваскуларни болести
Може да се чини контраинтуитивно дека субстанца за која се знае дека го зголемува крвниот притисок, може да го намали ризикот од коронарна болест, срцева слабост и атријална фибрилација. Друга студија не нашла поврзаност меѓу кофеинот и предвремените преткоморни и коморни контракции. Можно поради тоа што придобивките од кафето ги поништуваат своите несакани ефекти. Зрната кафе изгледа дека ја намалуваат оксидацијата на ЛДЛ холестерол како и инфламаторните маркери..

Цереброваскуларна болест и мозочен удар
Васкуларните придобивки од кафето не се губат во мозокот. Една мета-анализа открила дека конзумација на една до шест шољи кафе дневно го намалува ризикот од мозочен удар за 17%, додека една шведска студија изведена врз женска популација испитаници покажала дури 22-25% намалување на ризикот. Друга мета-анализа, на лица без цереброваскуларна болест, заклучила дека една до три шољи на ден може да заштитат од исхемичен удар, а една Јапонска студија покажува дека пиење кафе во период од околу 13 години, го намалува ризикот за мозочен удар за 20%.

Дијабетес
Изгледа дека кафето игра важна улога во лекувањето на хипергликемија, како и поволно дејство врз хипер/дислипидемијата. Бројни студии покажале поврзаност меѓу регуларно пиење кафе и подобрен метаболизам на глукоза, секреција на инсулин, и значајно намален ризик од дијабетес. Експертите сугерирале дека корелацијата на кафето со дијабетес може да биде асоцирана со неговите анти-инфламаторни својства и анти-оксидативниот метаболизам на хлорогенска киселина, која се верува дека ја намалува абсорпцијата на глукоза.

Канцер
Студиите го поврзале конзумирањето кафе со намален ризик од бројни видови канцер, вклучувајќи ендометријален (повеќе од 4 шољи дневно), простатичен (6 шољи дневно), глава и врат (4 шољи дневно), и рак на дојка (повеќе од 5 шољи дневно), базоцелуларен карцином (повеќе од 3 шољи дневно) и меланом. Се верува дека придобивките се должат барем парцијално на анти-оксидативните и антимутагени својства на кафето. Неодамнешни истражувања потврдиле значајно намалување на инциденцата на колоректален канцер кај оние кои конзумираат повеќе од 2.5 шољи дневно.

Невродегенерација
Во прилог на обезбедувањето брз ментален поттик, кафето изгледа дека го подобрува долготрајното сознание. Една студија пријавува дека пациенти со лесно когнитивно оштетување избегнале прогресија на истото со пиење 3-5 шољи кафе дневно. Друго истражување покажува корелација меѓу кофеинот и консолидација на меморијата. Истражувањата на глувци сугерираат дека кофеинот ја супримира амилоид-бета продукцијата, додека ја подобрува продукцијата на гранулоцитно – стимулирачкиот фактор, интелеукинот-10, и интерлеукин-6. Кофеинизирано кафе се верува дека делува невропротективно и кај Паркинсонова болест.

Депресија
Истражувањата сугерираат дека конзумацијата на кафе може да го подобри менталното здравје и да штити од депресија. Во една студија, жени кои пиеле 2-3 шољи кафе на ден имале 15% помал ризик од депресија споредено со оние кои пиеле помалку од една шоља неделно. 20% намален ризик е согледан кај оние кои пиеле ≥4 шољи дневно. Краткотрајните ефекти на расположението може да дојдат од променетите активности на серотонинот и допаминот. Долготрајните ефекти може да се поврзани со анти-оксидативните и анти-инфламаторните својства на кафето.

Црнодробни заболувања
Конзумацијата на кафе може да го заштити црниот дроб, успорувајќи ја прогресијата на алкохолна цироза и хепатитис Ц и намалувајќи го ризикот од хепатоцелуларен карцином. Други истражувања покажале дека се намалува и ризикот од неалкохолни масни заболувања на црниот дроб (NAFLD) и развојот на црнодробна фиброза кај пациенти кои веќе имаат NAFLD. Меѓу луѓето со генетски предиспозиции за алкохолен хепатитис, оние кои не пиеле кафе на секојдневна основа, имале повисока веројатност за развој на болест.

И тоа не е се…
Серија на други истражувања сугерираат дека внесувањето кафе може да го намали синдромот на суво око, ризикот од гихт, да се зголеми спремноста за справување со инфекции – дури и потенцијално штитат од метицилин-резистентни Staphylococcus aureus (MRSA). Иако механизмот на делување останува нејасен, пијачите на кафе (и чај), имале два пати помала веројатност за присуство на MRSA во нивните назални патишта.

Ризиците!!!!!
Секако, со придобивките често доаѓаат и ризиците. Покрај хипертензивниот ефект, кафето може да иницира или влоши анксиозност, инсомнија и тремор, и потенцијално да го зголеми ризикот од глауком. Исто така контроверзи постојат и околу можноста за предозирање со кофеин, но како што John Mandrola, посочил, шестте шољи кафе кои еден тинејџер ги испил пред својата трагична смрт содржеле “доволно кофеин за да предизвикаат несакани ефекти: нервоза, тахикардија, мачнина, анксиозност, дијафореза, но тоа било далеку под општо прифатената летална доза од 10 грама дневно (100 шољи кафе).

Набљудувачка, но доволна
Како што DR Mandrola кажал за Medscape, “Литературата (за кофеин) повторувано покажува слични резултати, поради што, можеби е време “да престанеме да го проучуваме кафето и да се насочиме кон позначајни проблеми.”

За љубителите на шоља добро кафе

Важно е да се запомни дека повеќето од овие волуминозни докази се асоцијативни и не покажуваат каузалност. Целиот волумен од набљудувачки информации сепак сугерира дека посегнување кон втора чаша кафе можеби и не е лоша одлука.

ИЗВОР НА СОДРЖИНАТА

http://www.medscape.com/slideshow/coffee-6004434?src=wnl_edit_tpal&uac=118553EJ

How Healthy Is Coffee? The Latest Evidence; Автор: Bret S. Stetka, MD | September 15, 2017

РЕФЕРЕНЦИ

  1. Office of Disease Prevention and Health Promotion. Scientific report of the 2015 Dietary Guidelines Advisory Committee. Health.gov. http://health.gov/dietaryguidelines/2015-scientific-report/10-chapter-5/d5-5.aspAccessed August 6, 2015.
  2. Gunter MJ, Murphy N, Cross AJ, et al. Coffee drinking and mortality in 10 European countries: a multinational cohort study. Ann Intern Med. 2017 Aug 15. [Epub ahead of print] Abstract
  3. Park SY, Freedman ND, Haiman CA, et al. Association of coffee consumption with total and cause-specific mortality among nonwhite populations. Ann Intern Med 2017 Aug 15. [Epub ahead of print]Abstract
  4. Freedman ND, Park Y, Abnet CC, Hollenbeck AR, Sinha R. Association of coffee drinking with total and cause-specific mortality. N Engl J Med. 2012;366:1891-1904.
  5. Crippa A, Discacciati A, Larsson SC, Wolk A, Orsini N. Coffee consumption and mortality from all causes, cardiovascular disease, and cancer: a dose-response meta-analysis. Am J Epidemiol. 2014;180:763-775.
  6. Wu JN, Ho SC, Zhou C, et al. Coffee consumption and risk of coronary heart diseases: a meta-analysis of 21 prospective cohort studies. Int J Cardiol. 2009;137:216-225.
  7. Mostofsky E, Rice MS, Levitan EB, Mittleman MA. Habitual coffee consumption and risk of heart failure: a dose response meta-analysis. Circ Heart Fail. 2012;5:401-405. http://circheartfailure.ahajournals.orgAccessed August 6, 2015.
  8. Cheng M, Hu Z, Lu X, Huang, J, Gu D. Caffeine intake and atrial fibrillation incidence: dose response meta-analysis of prospective cohort studies. Can J Cardiol. 2014 30:448-454.
  9. Dixit S, Stein PK, Dewland TA. Consumption of “healthy” caffeinated products and cardiac ectopy. Program and abstracts of the Heart Rhythm Society 2015 Scientific Sessions; May 13-15, 2015; Boston, Massachusetts. Abstract PO01-113.
  10. Larsson SC, Orsini N. Coffee consumption and risk of stroke: a dose-response meta-analysis of prospective studies. Am J Epidemiol. 2011;174:993-1001.
  11. Natella F, Nardini M, Belelli F, Scaccini C. Coffee drinking induces incorporation of phenolic acids into LDL and increases the resistance of LDL to ex vivo oxidation in humans. Am J Clin Nutr. 2007;86:604-609.
  12. Gómez-Ruiz JA, Leake DS, Ames JM. In vitro antioxidant activity of coffee compounds and their metabolites. J Agric Food Chem. 2007;55:6962-6969.
  13. Nardini M, D’Aquino M, Tomassi G, Gentili V, Di Felice M, Scaccini C. Inhibition of human low-density lipoprotein oxidation by caffeic acid and other hydroxycinnamic acid derivatives. Free Radic Biol Med. 1995;19:541-552.
  14. Montagnana M, Favaloro EJ, Lippi G. Coffee intake and cardiovascular disease: virtue does not take center stage. Semin Thromb Hemost. 2012;38:164-177.
  15. Larsson SC, Orsini N. Coffee consumption and risk of stroke: a dose-response meta-analysis of prospective studies. Am J Epidemiol. 2011;174:993-1001.
  16. Larsson SC, Virtamo J, Wolk A. Coffee consumption and risk of stroke in women. Stroke. 2011;42:908-912.
  17. D’Elia L, Cairella G, Garbagnati F, et al. Moderate coffee consumption is associated with lower risk of stroke: meta-analysis of prospective studies. J Hypertens. 2012;30 (Suppl A):e107.
  18. Kokubo Y, Iso H, Saito I, et al. The impact of green tea and coffee consumption on the reduced risk of stroke incidence in Japanese population: the Japan public health center-based study cohort. Stroke. 2013;44:1369-1374.
  19. Huxley R, Lee CM, Barzi F, et al. Coffee, decaffeinated coffee, and tea consumption in relation to incident type 2 diabetes mellitus: a systematic review with meta-analysis. Arch Intern Med. 2009;169:2053-2063.
  20. Sartorelli DS, Fagherazzi G, Balkau B, et al. Differential effects of coffee on the risk of type 2 diabetes according to meal consumption in a French cohort of women: the E3N/EPIC cohort study. Am J Clin Nutr. 2010;91:1002-1012.
  21. Floegel A, Pischon T, Bermann MM, Teucher B, Kaaks R, Boeing H. Coffee consumption and risk of chronic disease in the European Prospective Investigation into Cancer and Nutrition (EPIC) Germany study. Am J Clin Nutr. 2012;95:901-908.
  22. Bhupathiraju SN, Pan A, Manson JE, Willett WC, van Dam RM, Hu FB. Changes in coffee intake and subsequent risk of type 2 diabetes: three large cohorts of US men and women. Diabetologia. 2014;57:1346-1354.
  23. Koloverou E, Panagiotako DB, Pitsavos C, et al. The evaluation of inflammatory and oxidative stress biomarkers on coffee-diabetes association: results from the 10-year follow-up of the ATTICA Study (2002-2012). Eur J Clin Nutr. 2015;69:1220-1225.
  24. Vinson JA, Burnham B, Nagendran MV, et al. Randomized double-blind placebo-controlled crossover study to evaluate the efficacy and safety of a green coffee bean extract in overweight subjects. Program and abstracts of the 243rd American Chemical Society National Meeting and Exposition; March 25-29, 2012; San Diego, California. Abstract 92.
  25. Je Y, Hankison SE, Tworoger SS, De Vivo I, Giovannucci E. A prospective cohort study of coffee consumption and risk of endometrial cancer over a 26-year follow-up. Cancer Epidemiol Biomarkers Prev. 2011;20:2487-2495.
  26. Wilson KM, Kasperzyk JL, Rider JR, et al. Coffee consumption and prostate cancer risk and progression in the Health Professionals Follow-up Study. J Natl Cancer Inst. 2011;8;103:876-884.
  27. Turati F, Galeone C, La Vecchia C, Garavello W, Tavani A. Coffee and cancers of the upper digestive and respiratory tracts: meta-analyses of observational studies. Ann Oncol. 2011;22:536-544.
  28. Galeone C, Tavani A, Pelucchi C, et al. Coffee and tea intake and risk of head and neck cancer: pooled analysis in the international head and neck cancer epidemiology consortium. Cancer Epidemiol Biomarkers Prev. 2010;19:1723-1736.
  29. Li J, Seibold P, Chang-Claude J, et al. Coffee consumption modifies risk of estrogen-receptor negative breast cancer. Breast Cancer Res. 2011;13:R49.
  30. Bhoo-Pathy N, Peeters PH, Uiterwaal C, et al. Coffee and tea consumption and risk of pre- and postmenopausal breast cancer in the European Prospective Investigation Into Cancer and Nutrition (EPIC) cohort study. Breast Cancer Res. 2015;17:15.
  31. Song F, Qureshi AA, Han J. Increased caffeine intake is associated with reduced risk of basal cell carcinoma of the skin. Cancer Res. 2012;72:3282-3289.
  32. Loftfield E, Freedman ND, Graubard BI, et al. Coffee drinking and cutaneous melanoma risk in the NIH-AARP Diet and Health Study. J Natl Cancer Inst. 2015;107.
  33. Cao C, Loewenstein DA, Lin X, et al. High blood caffeine levels in MCI linked to lack of progression to dementia. J Alzheimer Dis. 2012;30:559-572.
  34. Borota D, Murray E, Keceli G, et al. Post-study caffeine administration enhances memory consolidation in humans. Nat Neurosci. 2014;17:201-203.
  35. Schmit SL, Rennert HS, Rennert G, Gruber SB. Coffee consumption and the risk of colorectal cancer. Cancer Epidemiol Biomarkers Prev. 2016;25:634-639.
  36. Ross W, Duda J, Abbott R, et al. Association of coffee caffeine consumption with brain Lewy pathology in the Honolulu-Asia Aging Study. Program and abstracts of the 64th Annual Meeting of the American Academy of Neurology; April 21-28, 2012; New Orleans, Louisiana. Abstract S42.005.
  37. Lucas M, Mirzaei F, Pan A, et al. Coffee, caffeine, and risk of depression among women. Arch Intern Med. 2011;171:1571-1578.
  38. Brooks M. Sweetened drinks may boost depression, coffee reduces it. Medscape Medical News. January 9, 2013. http://www.medscape.com/viewarticle/777356Accessed August 17, 2015.
  39. Lucas M, Mirzaei F, Pan A, et al. Coffee, caffeine, and risk of depression among women. Arch Intern Med. 2011;171:1571-1578.
  40. Pasco JA, Nicholson GC, Williams LJ, et al. Association of high-sensitivity C-reactive protein with de novo major depression. Br J Psychiatry. 2010;197:372-377.
  41. Ng F, Berk M, Dean O, Bush AI. Oxidative stress in psychiatric disorders: evidence base and therapeutic implications. Int J Neuropsychopharmacol. 2008;11:851-876.
  42. O’Connor A. Coffee drinking linked to less depression in women. New York Times. February 13, 2012.http://well.blogs.nytimes.com/2011/09/26/coffee-drinking-linked-to-less-depression-in-women/Accessed August 6, 2015.
  43. Molloy JW, Calcagno CJ, Williams CD, Jones FJ, Torres DM, Harrison SA. Association of coffee and caffeine consumption with fatty liver disease, nonalcoholic steatohepatitis, and degree of hepatic fibrosis. Hepatology. 2012;55:429-436.
  44. Gallus S, Tavani A, Negri E, La Vecchia C. Does coffee protect against liver cirrhosis? Ann Epidemiol. 2002;12:202-205.
  45. Bambha K, Wilson LA, Unalp A, et al; Nonalcoholic Steatohepatitis Clinical Research Network (NASH CRN). Coffee consumption in NAFLD patients with lower insulin resistance is associated with lower risk of severe fibrosis. Liver Int. 2014;34:1250-1258.
  46. Modi AA, Feld JJ, Park Y, et al. Increased caffeine consumption is associated with reduced hepatic fibrosis. Hepatology. 2010;51:201-209.
  47. Birerdinc A, Stepanova M, Pawloski L, Younossi M. Caffeine is protective in patients with non-alcoholic fatty liver disease. Aliment Pharmacol Ther. 2012;35:76-82.
  48. Saab S, Mallam D, Cox GA 2nd, Tong MJ. Impact of coffee on liver diseases. Liver Int. 2014;34:495-504.
  49. Chalasani NP. Acute alcoholic hepatitis in the United States: Clinical characteristics, outcomes and relationship with PNPLA3 genotype and coffee drinking. Program and abstracts of the American College of Gastroenterology 2016 Annual Scientific Meeting; October 14-19, 2016; Las Vegas, Nevada.
  50. Arita R, Yanagi Y, Honda N, Maeda S, et al. Caffeine increases tear volume depending on polymorphisms within the adenosine A2a receptor gene and cytochrome P450 1A2. Ophthalmology. 2012;119:972-978.
  51. Choi HK, Willett W, Curhan G. Coffee consumption and risk of incident gout in men: a prospective study. Arthritis Rheum. 2007;56:2049-2055.
  52. Matheson EM, Mainous AG, Everett CJ, King DE. Tea and coffee consumption and MRSA nasal carriage. Ann Fam Med. 2011;9:299-304.
  53. Jiwani AZ, Rhee DJ, Brauner SC, et al. Effects of caffeinated coffee consumption on intraocular pressure, ocular perfusion pressure, and ocular pulse amplitude: a randomized controlled trial. Eye (Lond). 2012; 26:1122-1130.

Одговори

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *